Омикрон ќе ја „заклучи“ Холандија за Божиќ

Холандија ковид-19 коронавирус трговски центар
Луѓе во трговски центар во Холандија / Фото: EPA-EFE/Ramon van Flymen

Холандија ќе воведе божиќен „локдаун“ со цел да се спречи ширењето на варијантата на коронавирусот Омикрон, јавија светските агенции.

Сите продавници, освен оние за основни намирници, училиштата, баровите, рестораните и другите јавни места ќе бидат затворени најмалку до средината на јануари.

Премиерот Марк Руте рече дека ограничувањата се „неизбежни“. Ова се најстрогите мерки што една земја ги воведе досега поради омикрон – сојот кој станува доминантен во Европа. И другите земји на Стариот Континент ги заоструваат мерките поради брзото ширење на новата варијанта.

Новите правила во Холандија, кои стапуваат на сила веќе од утре, беа објавени по средбата меѓу Владата и здравствените експерти. Холандскиот национален институт за јавно здравје соопшти дека во земјата досега се регистрирани повеќе од 2,9 милиони случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата и повеќе од 20.000 смртни случаи.

Во земјата во изминатите 24 часа имаше 14.742 нови потврдени случаи на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот