ОМД: Бугарија користи сè и сешто за да го казни македонскиот народ

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) преку соопштение ги отфрла, како што вели, непристојните барања на Бугарија за Македонија околу историјата, јазикот и малцинството како предуслов за влез на нашата земја во ЕУ.

Во овој важен момент на долгоочекуваниот процес на пристапување во ЕУ, стои во денешното соопштение од ОМД, многу е очигледно дека Бугарија cе занимава со политички опортунизам, а против ранливата македонска држава, како средство за извлекување некакви отстапки.

– Бугарија користи сè и сешто за да го казни македонскиот народ, дури и основните работи како што cе јазикот, националниот идентитет и историјата. ОМД смета дека бесрамните изјави на бугарската Влада не се конструктивни за легитимно унапредување на преговорите со ЕУ, соопштија денеска од ОМД, организација на македонските иселеници и Македонците родени во САД, формирана во 2004 година

Тие, дополнува, ниту пак придонесуваат во поттикнување на пријателски односи меѓу двете соседни држави. Наместо тоа, го нарушуваат кредибилитетот и транспарентноста на процесот на пристапување кон ЕУ, а истовремено го исмејуваат и наводниот договор за „пријателство” меѓу двете држави.

Од ОМД посочуваат дека „ваквите агресивни ставови намерно се пласираат сега, а во прилог на одвлекување на вниманието на домашната јавност од проблемите со кои cе соочува владата на Бојко Борисов, вклучувајќи ја и широката распространетата корупција, организираниот криминал и девалвираните демократски стандарди на Софија”.

-Актуелната влада во Бугарија cе соочува со растечки протести и секојдневни собири на незадоволни граѓани, велат од организацијата ОМД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот