Омар ал Башир во палатата криел милиони евра, наменети за подмитување

Поранешниот претседател на Судан Омар ал Башир во својата претседателска палата круел милиони евра, со кои подмитувал разни организации, изјави сведок на сведочењето против Башир.

Сведокот рече дека лично врачил 10,65 милиони евра на различни луѓе и организации. Пет милиони евра предал на Абдул Рахим Дагало, заменик водач на паравоената организација Сили за брза поддршка, како и 4,5 милиони евра на Африканскиот универзитет во Картум, со кој управувала Конгресната партија на Башир.

– Ал Башир беше единствената личност која имаше клуч од собата, каде се пронајдени парите. Моја единствена мисија беше да ги доставувам парите по негова наредба, изјави пред судот генерал мајор Јашир Башир, кој ја водеше канцеларијата на претседателот од 2015 до 2018 година.

Омар ал Башир во април беше симнат од власт од страна на војската и обвинет за корупција и илегално поседување странски валути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот