Омани: Намалувањето на платите во администрацијата не треба да биде прва мерка, ДУИ ќе достави свои предлози до Владата

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бујар Османи, на денешната прес-конференција како одговор на новинарско прашање каков е ставот на ДУИ за намалувањето на платите на администрацијата, рече дека тоа не би требало да биде прва мерка.

-Нашиот предлог е дека партиите не треба да лицитираат со предлози, бидејќи имаме претставници во Владата.

Очигледно дека кризата ќе предизвика социо-економси последици и тоа веќе се приметува сега. Ова затворање на економските текови ќе предизвика намалување на приходите во буџетот и можноста да се финансираат сите расходи во државата.

Затоа постои економски тим кој на дневна основа се сретнува и тим на експерти кој припаѓаат на разни политички спектри, за да се даде кредибилитет на сите мерки на Владата.

Нашите предлози ќе бидат доставени до Влада и немаме намера да држиме прес-конференции. Сметам дека наредните денови ќе се договориме за рестриктивните мерки. Во однос на платите на администрацијата сметаме дека тоа не треба да биде прва мерка, туку да се разгледаат дополнителни мерки во услови кога луѓето и така се трауматизирани од целата ситуација, рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот