Олмо нема да дебитира во првото коло, Барселона не успеа да го регистрира

Фото: ЕPA-EFE/Alejandro Garcia

Новата сезона во шпанската Ла Лига започнува викендов, а во првото коло Барселона ќе игра против Валенсија каде што ова лето пристигна македонскиот голман Столе Димитриевски.

Барселона се соочува со финаниски проблеми и пред оваа сезона, па затоа Олмо ќе мора да почека за своето деби.

Иако каталонскиот гигант го доведе во своите редови, сè уште не може да го регистрира шпанскиот репрезентативец.

Администрацијата на Барселона не успеа сè навреме да заврши, па така нема да има време за Олмо да дебитира против Валенсија. Според најавите не би требало да има проблеми да биде подготвен за настап во следниот натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот