Олку голема економска криза никој не очекуваше, вели Арсовска на прашањето што се случи со бесплатниот јавен превоз

ЈСП
Градски автобуси на ЈСП / Фото: Драган Митрески

Градоначалничката Данела Арсовска вечерва во гостувањето на ТВ21 навести дека бесплатен јавен превоз во Скопје нема да има сѐ додека трае економската и енергетската криза.

„Го ветивме бесплатниот јавен превоз и отпочнавме со некакви фази на реализација. Сепак чесно е да кажеме дека олку голема економска криза никој не очекуваше. Цените на енергенсите, цените на нафтените деривати, цените на мазутот, се толку многу високи, што и сега ова што го правиме е нешто што го оптоварува буџетот на град Скопје. Не можам да кажам во која фаза ќе го направиме. Сепак, се она што беше наведено во програмата „За модерно Скопје“ ќе се реализира, тоа е нашата цел“, рече Арсовска во емисијата „Клик плус“.

„Размислуваме за реформирање на јавниот превоз. Во тек се подготовките, но мораме прво да ја надминеме оваа криза, бидејќи цените на енергенсите влијаат на ова“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот