Оливие Веран потврди олеснување на епдемиолошките мерки во Франција од 19 мај

Терасите на рестораните и баровите повторно ќе се отворат на 19 мај низ цела Франција, потврди министерот за здравство Оливие Веран, јави дописникот на МИА.

-Имаме среќа, рече Оливие Веран во интервју за ЛЦИ, потврдувајќи дека здравствениот притисок поврзан со епидемијата на коронавирусот се намалува во болниците. Бројот на пациенти евидентирани во единиците за интензивна нега навистина е намален, откако вчера падна под границата од 5.000.

-Летниот период несомнено ќе ни овозможи да ја зајакнеме нашата ефикасност во соочувањето со епидемијата, но ќе останеме будни, додаде министерот. „Во блиска иднина”, не треба да се плашиме од четвртиот бран, уверува тој.

На 19 мај се очекува да отворат и киносалите со ограничен број на гледачи од 35 отсто од капацитетот на салите, кои како и ресторните и баровите се затворени од крајот на октомври 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот