Оливер Спасовски негативен на коронавирусот

Оливер Спасовски / Фото: Влада на Р.С. Македонија

Пикот на заразата е сè уште тука, напиша Спасовски, но ефектите од почитувањето на мерките се видливи за сите.

Резултатот од тестот што го добив вечерва е негативен и покажува дека не сум носител на коронавирусот, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

-Согласно препораките на епидемиолозите, останувам и натаму во изолација во домашни услови. Се придржувам до препораките и советите на лекарите, најдисциплинирано. Во деновите на самоизолација, од дома преку дигитални алатки ги извршувам сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба.

Пикот на заразата е се уште тука, напиша Спасовски, но ефектите од почитувањето на мерките се видливи за сите.

-Апелирам уште еднаш: Секогаш држете 2 метри физичка дистанца, носете заштитни маски и не се групирајте. Останете дома ако не мора да излегувате. Да ги почитуваме мерките! Секој може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го донесеме животот во новата нормала. Останете внимателни. Ви благодарам за поддршката!- напиша Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот