Оливер Кан го менува Румениге во Баерн

Карл-Хајнц Румениге/ фото: EPA/MATTHAIS SCHRADER

Карл-Хајнц Румениге по повеќе од 20 години во раководните структури на Баерн Минхен најави повлекување и веќе го избра наследникот. Негов наследник ќе биде поранешниот голман на баварскиот тим и на германската репрезентација, Оливер Кан. Румениге планира по истекот на договорот во 2021 година да ја напушти претседателската позиција во баварскиот гигант и да се повлече од фудбалот.

– Планот ми е Оли да биде мојот наследник. Вредно го обучувам за позицијата која му следува за неколку години. Беше многу важен играч за нас, мислам дека е време да преземе некоја друга функција во Баерн. Верувам во Оли – изјави Румениге за телевизијата Скај спортс.

Оливер Кан се смета за еден од најдобрите голмани кои настапувале во Бундес лигата, а голот на Баерн Минхен го бранеше од 1994 до 2008 година и за тоа време забележа преку 600 настапи за екипата од Минхен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот