Олимписките кругови вратени во Токио

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Враќањето на олимписките кругови во јапонскиот град се нова надеж дека Игрите во Токио ќе се одржат наредната година и нема да има ново одложување.

Круговите во пет бои (сина, црна, црвена, жолта и зелена) кои ги означуваат петтте населени континенти, се тешки 69 тона и беа сместени во заливот Одаибо на почетокот од годината кога Токио почна да ги одбројува деновите до стартот на Летните олимписки игри кои во март беа одложени поради пандемијата на коронавирусот.

Поради одложувањето на Игрите, организаторот во август годинава ги тргна круговите поради одржување и инспекција.
Денеска круговите се вратени со нова боја и е предвидено да светат во ноќта.
– Работевме напорно за да организираме Олимписки игри на кои луѓето ќе се чувствуваат безбедно. Со посртавувањето на олимпискиот симбол сакаме луѓето да почувствуваат дека Игрите се проближуваат и да се радуваат на тоа – изјави градскиот функционер, Ацуши Јанашимицу.

Според анкетата која ја направи градот Токио во август годинава, покажа дека секоја четврта личност во Јапонија сака да се одржат Игрите во 2021 година, додека поголемиот број од испитаниците беа за ново одложување па дури и откажување.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и организаторот изјавија дека се одлучни да ги организираат Олимписките игри, а претседателот на ИОК, Томас Бах, минатиот месец во Токио изјави дека „многу сигурен“ дека на трибините ќе има и гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот