Олимписките игри не мора да се одржат во летните месеци

ИОК планира да воведе ред во двете проблематични спортски федерации/ фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Претседателот на ИОК, Томас Бах, наведе дека не е задолжително одложените Игри во Токио да се одржат на идното лето.

– Имаме илјада прашања пред да се утврди временската рамка на одржување на Олимписките игри. Сите варијанти ги разгледуваме, а за да можеме успешно да и организираме Игрите, мора да се бидеме обединети – изјави Бах.

ИОК во текот на вчерашниот ден по консултации со јапонската влада, заеднички одлучија да ги одложат Олимписките игри во Токио за 2021 година. Бах потенцира дека договорот е Игрите да се одржат најдоцна до идното лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот