Олимписките игри ќе се играат без НБА играчите

КОмесарот на НБА лигата Адам Силвер засега не планира да формира НБА Европа/ фото: EPA-EFE/NUCCIO DINUZZO

Новата сезона во НБА лигата ќе започне во јануари идната година и првичниот план е да се одигра комплетна регуларна сезона што значи дека ќе се играат натпревари и во текот на летото во исто време кога ќе се одржуваат и Олимписките игри во Токио.

Олимписките игри во Токио, најверојатно ќе бидат посиромашни за најдобрите кошаркари на денешницата, тие што играат во НБА лигата.

Причината за ова е доцниот старт на новата сезона во најсилната кошаркарска лига која ќе започне во јануари, а планот е да се игра комплетна регуларна сезона, односно секој тим да одигра по 82 натпревари, по што ќе следи разигрувањето за титулата.

Тоа значи дека регуларната сезона ќе се игра и за време на летото и тоа во време кога ќе се одржуваат Олимписките игри во Токио.

Челниците на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) се надеваат дека комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, ќе најде начин лигата да направи мала пауза додека се одржуваат Олимписките игри како што тоа го прави хокеарската НХЛ лига за време на зимските Олимписки игри, но мали се шансите за такво нешто.

Ќе го разгледаме тоа, но мислам дека не е реално да ја запреме сезоната поради Олимписките игри. Не станува збор паузата да биде само додека играчите на наоѓаат во Токио туку потребно е да одат и на подготовки, а е потребен и одмор по завршување на Игрите. Тоа е премногу време за да се направи пауза – вели Адам Силвер, комесарот на НБА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот