Олимписки шампион од Грузија под обвинение за три убиства

Грузиецот освои златен медал во џудо на Игрите во Атина/Фото: epa/dpa Frank May EPA/Frank May

Поранешниот олимписки шампион во џудо, Зураб Звијадаури е уапсен под обвинение за повеќе убиства, објави во вторникот Министерството за внатрешни работи на Грузија.

Зијадаури е обвинет за учество во престрелката во која загинаа три лица, заедно со друг соучесник.

Информациите велат дека тоа се случило во градот Цинандали, на околу 95 километри од главниот град Тбилиси, така што на поранешниот херој на нацијата му се заканува казна затвор до 15 години.

Тоа е голем удар за грузискиот спорт бидејќи Звијадаури го донесе првото олимписко злато во оваа земја, тој се смета за еден од најголемите спортисти во нивната историја.

Звидуари има 40 години и од златото на Олимписките игри во Атина 2004, влезе во политиката.

Поранешниот светски шампион во џудо (2001 и 2003 година) беше член на грузискиот парламент од 2012 до 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот