Олимписки и светски шампион суспендиран на осум години поради допинг

твитер

Еден од најдобрите пливачи на денешницата го загуби спорот во спортскиот арбитражен суд.

Кинескиот пливач Сун Јанг (28 години) е суспендиран на осум години бидејќи е потврдено дека бил допингуван.

Еден од најдобрите кинески спортисти имал недозволени супстанци во крвта кои му овозможиле подобри резултати. Прво ФИНА соопшти дека нема проблеми, но по жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА), конечната одлука ја донесе Судот во Лозана кој одлучи да го казни Сун Јанг со осумгодишна суспензија поради прекршување на правилата за допинг.

Причината за суспензија е случајот од 2018 година кога Сун Јанг не сакаше да даде примерок за допинг-тест. Лица одговорни за правање тестови дошле во неговиот дом со цел да земат примерок од крв и урина, но Сун не сакал да соработува.

ФИНА одби да го казни Кинезот за овој потег, бидејќи тестерите не обезбедиле правилна идентификација за време на тестирањето. Ова ја разлути ВАДА која веднаш го испрати случајот кај Судот во Лозана и побара казна од две до осум години.

Судот му додели максимална суспензија од осум години поради одбивање да соработува со тестерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот