Олимпик Лион од продажба на играчи заработи сума од која боли глава

Францускиот прволигаш прерасна во вистинска фабрика за пари од продажба на фудбалери и е сериозна конкуренција на португалските Порто и Бенфика кои важат за најголеми „извозници“ на фудбалски таленти.
Олимпиок Лион својот фудбалски развој и раст го започна во 2000. година и многу брзо стана еден од најдобрите и финансиски најмоќните француски клубови со годишен буџет од дури 400 милиони евра.

Но, Лион не го напушта основното бизнис правило, продажба на своите најдобри фубалери. Последната голема продажба на францускиот тим е Ферлан Менди кој во Реал Мадрид замина за 48 милиони евра плус дополнителни пет милиони како бонуси .

Доколку лукавиот претседател на Олимпик Лион, Жан Мишел Ола успее да ги продаде двете ѕвезди на екипата, Набил Фекир и Мемфис Депај, за очекување е клубот да го собори рекордот од летото 2017 година кога од продажба на фудбалери заработи 120 милиони евра.

Веднаш по трансферот на Менди во Реал Мадрид, француските медиуми почнаа да истражуваат колку клубот заработи од продажба на фудбалери од 2000 година па досега и дојдоа до бројка од неверојатни 696 милиони евра.

Олимпик Лион во последните 19 години продаде фудбалски ѕвезди како Хуго Лорис (Тотенхем), Дијакаби (Валенсија), Дејан Ловрен (Саутемптон), Самуел Умтити (Барселона), Ферлан Менди (Реал Мадрид), Миралем Пјаниќ (Рома), Жереми Тулалан (Малага), Коринтон Толисо (Баерн), Антоан Лаказет (Арсенал), Карим Бензема (Реал М.), Хатем Бен Арфа (Марсеј).

За очекување е набрзо заработката од продажба на фудбалери да дојде и до неверојатни една милијарда евра бидејќи сè уште дел од Олимпик Лион се фудбалери како Танги Ндомбеле, Мемфис Депај, Муса Дембеле, Набил Фекир, Усем Оер кои се на мета на најголемите европски екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот