Олимпијците во Токио ќе спијат на картонски кревети

твитер

Организаторот на летните Олимписки игри им обезбеди оригинално сместување на спортистите.

Организаторите одлучија во олимпиското село во Токио, креветите да бидат изработени од картон.
Рамки на креветите ќе бидат направени од картон кој подоцна ќе може да се рециклира. Душеците ќе бидат направени од полиетиленски материјал кој по завршување на Игрите ќе биде рециклиран, а потоа наменет за производство на нови производи.

Јапонците од претходно најавија дека медалите ќе гидат изработени од 6.2 милиони стари и користени мобилни телефони. Тие веќе собраа дури 32 килограми злато, 3.5 тони сребро и 2.2 милиона тони бронза со кои ќе бидат изработени околу 5.000 медали за освојувачите на медали на Олимписките и Параолимписките игри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот