Олимпијакос заинтересиран за Стефан Ристовски
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски кој се наоѓа на трансфер листата на Спортинг Лисабон, можно е кариетата да ја продолжи во Грција и тоа во шампионот Олимпијакос.
Ристовски од почетокот на сезонава е отстранет од првиот тим на Спортинг и тренира со вториот тим, но сепак постои голем интерес за македонскиот репрезентативец и грчките медиуми најавуваат дека тој сигурно ќе ја продолжи кариерата кај нив.
Веќе извесен период се шпекулира дека АЕК Атина планира да го купи Ристовски, но сега во игра влезе и Олимпијакос и според медиумите кај јужниот сосед, шампионот ќе ја добие трката.
Тренерот на Олимпијакос, Педро Мартинс сака да ја засили конкуренцијата во одбраната и поради тоа веќе се распрашувал за Ристовски и можност да се реализира трансферот уше во зимскиот преоден рок.
Желбата на Мартинс е Ристовски да пристигне на позајмица до крајот на сезоната со опција договорот да се откупи во летниот преоден рок.