Оли во посета кај првата дама Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска (ФОТО)

Скопјанецот Оли минатиот викенд испи кафе со првата дама Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска во претседателската резиденција на Водно. Оли ја запознал сопругата на претседателот Стево Пендаровски на промоцијата на филмот „Медена земја“ во Сули Ан, настан кој беше во организација на кабинетот на претседателот.

-Оли е пасиониран вљубеник во добро кафе и имаше желба да испие кафе со првата дама – велат од кабинетот на Ѓоргиевска Пендаровска.

Оттаму објаснуваат дека Пендаровски и неговата сопруга сакаат резиденцијата да ја отворат за граѓаните и дека во изминатиот период имало неколку посети чиј домаќин била првата дама.

Прошетка, кафе, колачи Оли на гости кај нашата Прва дама. Прекрасна дружба, прекрасен ден, прекрасна личност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот