„Олеснета“ задачата на Ѓоковиќ, ланскиот шампион нема да настапи на „УС Опен“

Новак Ѓоковиќ во Њујорк атакува на „златниот“ слем/Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Австрискиот тенисер Доминик Тим објави дека нема да настапува годинава на претстониот грен слем турнир „УС Опен“ кој ќе се одржи од 30 август до 12 септември.

Неодамна Австриецот истакна дека постепено напредува, но и дека не може да прецизира дали ќе биде максимално подготвен за „УС Опен“.

Минатата година токму Тим славеше на овој турнир кога во големото финале го совлада Александер Зверев (Германија) во пет сета.

– Здраво на сите, се надевам дека сте добро и сакав да ве известам дека поради проблеми со повредата нема да можам да настапам на „УС Опен“ и дека ќе го пропуштам остатокот од сезоната.

Разочаран сум што нема да можам да ја одбранам титулата во Њујорк бидејќи сè уште не сум се опоравил од повредата на зглобот која ја здобив во јуни на турнирот во Мајорка – напиша Тим на социјалните мрежи.

На тој начин е „олеснета“ задачата на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ кој ќе атакува на освојување на „златниот“ слем. Ги покори „Австралија опен“, „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“, а сега му останува уште настанот во САД.

Бразилците сакаа да го измамат, Ѓоковиќ после девет години ја дочека правдата

Според Вавринка, трофејот на „УС Опен“ му се насмевнува на Ѓоковиќ

Видео на денот