Олена Зеленска се огласи по критиките поради позирањето за „Вог“: Ова беше голема можност

олена зеленска
Олена и Володимир Зеленски позираат за „Вог“ / Фото: Принтскрин/Инстаграм/voguemagazine

Првата дама на Украина Олена Зеленска се огласи откако таа и нејзиниот сопруг, претседателот на Украина Володимир Зеленски позираа за модниот магазин „Вог“, поради што многумина ги критикуваа.

„Ја користам секоја прилика да зборувам за Украина. Ова беше одлична можност“, се огласи сопругата на Зеленски (44), Олена (44), откако се најдоа на мета на критики поради позирањето за „Вог“.

– Милиони го читаат „Вог “ и моја должност беше директно да разговарам со нив. Инаку, не сум навикната на внимание. Сите се бориме и тоа ни е работа. И јас морам да ја работам таа работа – изјавила првата дама на Украина за „Би-би-си“.

Освен тоа, Олена објаснила како Украинците се обидуваат да живеат мирно во деловите од земјата кои се слободни од руски трупи.

– Дури и војниците им кажуваат на своите пријатели да одат на кафе, да гледаат филм, да уживаат во мирот што го имаат. Ние тука сме први да ви го дадеме тој мир – рекла првата дама на Украина и заклучила:

Киев е мирен град, мора да продолжиме да работиме дури и при ракетни напади. Нема живот без развој, мора да продолжиме.“


Да потсетиме, Олена Зеленска заедно со својот сопруг, претседателот на Украина, Володимир позираа за насловната страница на најновиот број на „Вог“. Во интервјуто за магазинот тие зборуваа за себе, за својот брак и војната во Украина, а набргу потоа добија многу негативни коментари бидејќи позираа додека трае војната.

„Секогаш сакав да бидам зад сцената, тоа ми одговараше. Доаѓањето на светлата на сцената тешко ми падна“, рекла Зеленска. Фотографиите предизвикаа мноштво коментари.

„Зарем вие не треба да и помагате на вашата земја, наместо да се фотографирате за „Вог“?“, „Нивниот народ умира, а тие се фотографираат“, напишаа незадоволните од ваквата медиумска експонираност на украинскиот претседател и првата дама.

Олена и Володимир Зеленски за „Вог“: Не се сомневаме во победата на Украина, тоа ни дава сила да продолжиме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот