Оле Гунар Солскјер го „пецна“ Сити пред градското дерби!

twitter.com/TheSporTalk

Натпреварот ќе се игра денеска од 18.30 часот на „Етихад“ стадионот, менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер пред медиумите истакна дека неговиот клуб и натаму е поголем клуб од ривалот, Манчестер сити.

Сити ќе заврши на подобро место на табелата од Јунајтед во дури седмата сезона по ред во првиот ранг на англискиот фудбал, а тоа не се случило од 30-те години на минатиот век.

– Да, сеуште сме подобри од нив. Очигледно е дека сега сме во големо заостанување во однос на нив, но што треба да правиме? Да се откажеме? Да не ги предизвикуваме? – се зборовите на менаџерот на Манчестер јунајтед. Секако дека екипата од „Олд Трафорд“ нема добри резултати сезонава, но скоро не загуби дуел против „големите тимови“.

Во средата го совлада Тотенхем на Мурињо, и полн со самодоверба доаѓа на гостувањето на градскиот ривал Сити со желба да го „исклучи“ од шампионската трка. Од последниот успех на „црвените ѓаволи“ во 2013. година, „граѓаните“ трипати го освојуваа трофејот во Премиер лигата.

Во генералниот пласман води Ливерпул после 15 кола со 43 бодови, Манчестер сити е на третото место со 32, додека Манчестер јунајтед е на шестата позиција со 21 бод. Во останатите дуели од денешната програма се среќаваат: Евертон-Челзи, Борнмут-Ливерпул, Тотенхем-Барнли и Ватфорд-Кристал Палас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот