„Олдтајмери“ од Делчево учесници на Ретро-парада во Благоевград

По одлично организираното 4-то Ретрокар шоу во Делчево, членовите на здружението ,,King’s of the roads” учествуваа на 16-тата Ретро-парада, која се одржа во Благоевград, Република Бугарија. Преку ова учество, како што истакна Лоренцо Трајановски, претседател на здружението, се продлабочува соработката со мото клубот „Пирин” од Благоевград, Република Бугарија.

-Ние сме редовни учесници на овој настан, бидејки тоа е одлична прилика да запознаваме нови пријателства, да научиме некои нови искуства, со што ќе го шириме пријателството меѓу љубителите на стари автомобили од цел Балкан, па и пошироко, истакна Трајановски.
Додава дека групата од Македонија на настанот учествувала со десетина возила кои со својот „шмек” му дале посебен белег на настанот.
Во рамки на настанот биле доделени награди за најатрактивните ретро мотоцикли и автомобили, а учесниците дефилирале низ улиците на Благоевград, Симитли и Банско. За своето учество учесниците од Делчево добиле благодарници и признанија од страна на организаторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот