Олаф Шолц има добри шанси да стане кандидат за канцелар на Германија

Олаф Шолц / Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Германскиот министер за финансии и вицеканцелар Олаф Шолц има добри шанси да стане кандидат на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) за канцелар на изборите следната година.

– Многу социјалдемократи сметаат дека во неизвесни времиња е предност да се појде во изборна трка со лице на кое граѓаните го знаат и кому му веруваат, изјави извор од врвот на партијата и парламентарната група на СПД за „Ди Цајт”.

Кандидатот за канцелар го предлагаат претседателите на партијата Саскаја Ескен и Норберт Валтер-Борјанс, кои за предлогот ќе се изјаснат по летната пауза. За разлика од Шолц, кој припаѓа на конзервативното крило на СПД, тие ја застапуваат левата партиска фракција.

Школц во партијата е критикуван од многумина затоа што е близок со демохристијаните, поголемиот коалициски партнер во сегашната влада на канцеларката Ангела Меркел и поборник за продолжување на коалицијата со ЦДУ/ЦСУ. Негова предност е долгогодишно искуство на различни министерски функции, како и на позицијата градоначалник на Хамбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот