Ола Линдгрен: Немавме среќа, Македонија е тежок ривал на нејзин терен!

Фото: finnhandball.net

Селекцијата на Финска е првиот противник на Македонија во квалификациите за пласман на наредното Европско првенство кое ќе се одржи во 2022 година.

Нашите најдобри ракометари предводени од селекторот Данило Брестовац в среда (4. ноември) од 20.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје ќе ја имаат фаворитската улога, но истата треба да ја оправдаат на теренот.

Коронавирусот направи проблеми и во спортскиот свет, тројца македонски репрезентативци нема да бидат дел од првите два меча од квалификацискиот циклус, воедно мечот во главниот град ќе биде одигран пред празни трибини.

И Финците имаат проблеми во својот состав, нивниот стратег Ола Линдгрен истакна дека недостасуваат тројца играчи.

– И повредите се дел од спортот. Ќе го дадеме максимумот со играчите кои ги имаме на располагање. Македонија е дефинитивно едно од најтешките места за старт на квалификациски циклус. Противникот е многу тежок на негов терен. Немавме среќа во жрепката добивајќи ги овие ривали (Македонија, Данска, Швајцарија), но како и да е, едвај ги чекаме натпреварите.

Доколку сакаме да бидеме подобри, добро е да се игра против вакви тешки репрезентации. Ќе ни треба време како селекција, да видиме до каде сме, се фокусираме само на нашиот план – вели Ола Линдгрен, селекторот на Финска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот