Окупиран „потрошувачкиот храм“: Жолтите елеци насилно влегоа во „Галерија Лафајет“ (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Една од најпознатите стоковни куќи во Париз, но и во цела Европа, „Галерија Лафајет“ од вчера е затворена откако демонстрантите кои се нарекуваат Жолти елеци упаднаа внатре, така изразувајќи го својот револт. Контролата сепак беше преземена брзо, откако полицијата успеа да ги исфрли надвор демонстрантите.

Жолтите елеци цела година се на улиците на Париз и Франција и продолжуваат со протестите кои се проследени со судири меѓу нив и полицијата која користи солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Жолтите елеци вчера во познатиот објект во кој се сместени луксузни брендови за продажба, протестираа и извикуваа антивладини пароли.

Беа носени и транспаренти на кои се порачуваше:

„Сите заедно да го уништиме она што нè уништува нас“, алудирајќи на скапите брендови во кои е ангажирана евтина работна сила.

За потсетување, движењето Жолти елеци започна со демонстрации на улиците во Париз пред една година, протестирајќи против политиката на претседателот Макрон, која преку зголемување на даноците и цените на нафтените деривати го намали животниот стандард на француските граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот