ОКУПАЦИЈА НА РИЕКА: Италијанските неофашисти ја развеале тробојката на сред град, двајца уапсени (ФОТО)

Архива на СП

Група италијански неофашисти ја одбележаа 100 годишнината од „окупацијата на Риека“ пред Гувернерската палата во тој град, со развејување на тробојката на кралството на Италија.

Тие испратиле порака дека „се подготвени сами да се кренат против целиот свет“. Полицијата во Риека утрово го отстранила знамето и оценила дека станува збор за провокација.

Тие тробојката на кралството на Италија, држава во чие име фашистот Габриеле Д Анунцио го окупирал тој град во 1919 година, ја развеале синоќа пред поранешната палата на Гувернерот, пишува италијанскиот весник Џорнале.

„Денес точно сто години по окупацијата на Риека, сакавме да докажеме дека и натаму постојат Италијанци, кои не се откажуваат. Сакавме да докажеме дека и натаму постојат Италијанци кои се на располагање, чии интереси не ги застапува марионетската влада. Потребна ни е влада која е подготвена да ги брани своите граници и интересите на својот народ, наместо да го олеснува патот на окупаторите“, изјавил еден од членовите на групата „Gli Idrualici“.

Министерството за надворешни работи на Хрватска денес упатило протестна нота до Италија и најостро го осудила подигнувањето на споменикот на Габриеле Д Анунцио во Трст.

По синоќешните акции на италијанските неофашисти, уште две групи се обиделе да го направат истото и денес во текот на денот, но полицијата ги спречила. Уапсени се двајца мажи на возраст од 19 и 55 години и моментно над нив се врши криминална истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот