Октомвриската одлука, Рама со изјава за Македонија

Фото: EPA-EFE/CYRIL ZINGARO

Албанскиот премиер, Еди Рама не исклучува никакво сценарио за октомври, кога Европскиот совет ќе донесе одлука за преговорите со Албанија.

– Сè може да се случи во октомври, јас не исклучувам ништо – рече Рама.

Според него, октомвриската одлука не е поврзана со Албанија и Северна Македонија, туку е политичка одлука поврзана со иднината на Европската унија, пренесува Топ Чанел.

– Ова е вистината и ова не може да се промени – рече Рама.

Шефот на албанската Влада, исто така, одговори и за некои известувања на грчките медиуми дека Атина ќе и стави услов на Албанија за преговорите, почитување на правата на малцинствата.

– Грчкото малцинство се гледа како несомнен интегрален дел од нашиот соживот, исто така и како богатство, како поврзувачки мост. Никогаш немало негативна тенденција кон грчкото малцинство – рече Рама.

Во врска со новата Влада во Грција, Рама рече: „Ние сакаме да имаме продолжување на дијалогот за прашањата, пријателството, разбирањето, почитувањето, бидејќи нашите соседски односи не можат да зависат од политичкото потекло на една Влада“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот