Октоберфест се откажува заради опасноста од ширењето на коронавирусот

(190921) -- MUNICH, Sept. 21, 2019 -- People drink beer in a festival tent during the first day of the Oktoberfest 2019 in Munich, Germany, Sept. 21, 2019. The 186th Oktoberfest, one of the world's largest folk festivals, officially opened here on Saturday. It is expected that around 6 million visitors from all over the world will enjoy festival beer and culinary delicacies here from Sept. 21 to Oct. 6., Image: 472367085, License: Rights-managed, Restrictions: WORLDWIDE RIGHTS AVAILABLE EXCLUDING CHINA, HONG KONG ONLY. End users shall not licence, sell, transmit, or otherwise distribute any photographs represented by eyevine, to any third party. Contact eyevine for more information: Tel: +44 (0) 20 8709 8709 Ema, Model Release: no, Credit line: Xinhua / Eyevine / Profimedia

Годинешниот Октоберфест, најголемиот светски фестивал на пивото е откажан заради пандемијата на коронавирусот, објави денес баварскиот премиер Маркус Соедер и градоначалникот на Минхен Диетер Реитер.

Секоја година, подготовките за Октоберфест започнуваат неколку месеци пред фестивалот / EPA/MATTHIAS BALK

„Ширењето на вирусот на ваков настан би било неизбежно, а тоа не можеме да си дозволиме“

„Тоа на нас ни паѓа навистина тешко и штетата е неверојатна“, рекол Соедер. Тој објасни дека народно славење како Октоберфест „живее од блискоста на посетителите“ и масовната посетеност, така што во таква ситуација не може да се исклучи повторно нагло ширење на коронавирусот.

„Ширењето на вирусот на ваков настан би било неизбежно и тоа не можеме да си го дозволиме“,

EPA/Frank Leonhardt

„Ова е емоционално тежок момент за градот“

Градоначалникот на Минхе, Диетер Реитер исто така изрази жалење, но и загриженост заради штетата која ќе настане со откажување на најголемата народна веселба во светот, која годишно ја посетуваат околу шест милиони посетители.

EPA/Frank Leonhardt

„Ова е емоционално тежок момент за мене и економски тежок момент за градот“, рекол Реитер на заедничката конференција за медиумите.

 Октоберфест требало да се одржи од 19 септември до 4 октомври

Според податоците од градот, за време на Октоберфест, кој оваа година требало да биде одржан од 19 септември до 4 октомври, градот има прилив од 1,2 милијарди евра.

Мерките во борбата против ширењето на коронавирусот, кои германската влада и сојузните покраини ги договориле минатата недела, меѓу другото вклучуваат и забрана за одржување на големи манифестации, кои засега формално важат до крајот на август.

EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Баварија е една од двете германски покраини кои се најтешко погодени од епидемијата на коронавирусот.

Видео на денот