Октоберфест Минхен е откажан втора година по ред

Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Октоберфест, кој требаше да собере стотици илјади луѓе од 18 септември до 3 октомври во Минхен,  втора година по ред е отлажан поради пандемијата ковид-19, објави денеска лидерот на Баварците.

Здравствената состојба останува премногу „неизвесна“ за на есен да се одржи „најголемиот собир од сите“, рече баварскиот премиер Маркус Сидер на прес-конференција.

Октоберфест е шеснаесетдневен фестивал, кој се одржува секоја година во Минхен. Фестивалот, првпат организиран во 1810 година, е еден од најпознатите и најголемите фестивали во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот