Октај Кајнарџа од „Долина на волците“ гостува на Неделата на турски филмови во Скопје

Со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Турција, во Скопје ќе се одржи „Недела на турски филмови и кинематографска работилница на Турција – Северна Македонија“.

Свеченото отварање ќе биде на 23 април во просториите на Меѓународниот Балкански универзитет каде што ќе се реализира со прикажување филмот „Балкајмак“ кој е снимен во Македонија, со присуство на режисерот на филмот, Онур Тан, и неколку актери од филмот меѓу кои и добрапознатите турски актери во нашата земја, Октај Кајнарџа и Тарик Унлуоглу како и актерката Сабина Тозија којашто е со потекло од Македонија.

Другите 5 долгометражни и 2 документарни филмови од неделата на турски филмови ќе бидат прикажани од 24 до 26 април во кино Милениум.

Во рамки на Кинематографска работилница, ќе се среќаваат најзначајните имиња од областа на кинематографијата на двете земји и која ќе нуди можност на продлабочување на соработката од оваа област помеѓу двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот