Оксфордскиот речник го избра „зборот на годината“ за 2022 година

Фото: mrpolyonymous / Flickr / Wikipedia

Лексикографите на Оксфордскиот речник на англискиот јазик го избраа зборот, односно фразата за 2022 година – „гоблински режим“ („goblin mode“), жаргонски термин кој опишува отфрлање на општествените очекувања и живеење на неуреден, хедонистички начин, пишува „Би-би-си“.

Имено, оваа фраза била една од трите потенцијални избори на лексикографите од Оксфорд – вториот избор бил „метаверзум“, со 14.484 гласови, а третиот избор бил хаштагот „#IStandWith“, со 8.639.

„Гоблински режим“ бил победничкиот термин избран од 318.956 луѓе, со добиени 93 отсто од гласовите.

Овој термин првпат се појавил на веб-страниците во 2009 година, но станал исклучително популарен на почетокот од 2022 година.

Претставникот на Оксфордскиот речник, Каспер Гратвол изјавил дека тој и неговите колеги се надевале дека јавноста ќе ужива во процесот, но дека биле изненадени од големата заинтересираност.

„Имајќи предвид низ каква година поминавме, ‘гоблински режим’ е термин погоден за сите кои се чувствуваат како да им е преку глава од сè. Олеснувачки факт е дека признаваме дека не секогаш сме идеализираната, курирана верзија од себе која ја претставуваме на социјалните мрежи“, истакнал Гратвол.

Минатогодишниот „збор на годината“ беше „вакс“ („wax“), кој вклучува сè што е поврзано со вакцината против коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот