„Оксфорд вакцината“ ќе почне со употреба во септември: Штити од Ковид-19 неколку години, а чини колку едно еспресо

Вакцината АЗД1222, популарно наречена „Оксфорд вакцина“, влезе во последната фаза на тестирање, а се очекува да биде во употреба во Велика Британија, САД и неколку европски земји во септември.

Според информацијата во светот на науката, Џенер Институтот на Универзитетот во Оксфорд не беше непознат, но не беше ни толку познат за пошироката јавност, бидејќи досега се занимаваше со слабо финансирано истражување за болести кои влијаат на сиромашните земји.

Денес, очите на целиот свет се насочени кон овој институт, кој во соработка со британскиот фармацевтски гигант „АстраЗенец“ веќе почнува да произведува две милијарди дози вакцина, кои  ќе бидат испорачани до крајот на годината.

Компанијата се откажа од профитот додека трае пандемијата, а вакцината, како што најави нивниот директор, ќе чини колку и едно еспресо.

Прочитајте и...  Во спомен на диџеј Ицко, неговиот брат даруваше крвна плазма

Вакцината на Оксфорд, во моментот се тестира на околу 10.000 доброволци во Велика Британија, 5.000 во Бразил, 2.000 во Јужна Африка и наскоро на 30.000 лица во САД, влегувајќи во последната, трета фаза, по што итно ќе биде одобрена за употреба.

Според документацијата, Европската инклузивна вакцинална алијанса (ИВА), предводена од Германија, Франција, Италија и Холандија, се договорила со „АстраЗенец“ за 400 милиони дози во септември.

Сличен договор е постигнат со Велика Британија, САД, ЦЕПИ (Коалиција за иновативна подготвеност за пандемија) и Алијансата ГАВИ, група за финансирање на вакцините, за 700 милиони дози. Тоа прави над една милијарда дози за првите испораки во септември 2020 година.

Институтот Серум во Индија ќе произведе дополнителни милијарди дози, најмногу за земјите од Третиот свет, од кои 400 милиони ќе бидат произведени пред крајот на 2020 година.

Прочитајте и...  Бајден ја одбра за свој кандидат за потпретседател сенаторката Камала Харис

Според зборовите на шефот на научниците на Светската здравствена организација, Сом Сваминантан, вакцината што ја развива Оксфорд е водечки кандидат бидејќи предизвикала добра имунолошка реакција на коронавирусот кај двата вида за време на претклинички клиники кај глувци и примати (мајмуни од видот макаки).

Една доза од вакцината, всушност половина од она што ќе му се даде на човекот, целосно ги штити мајмуните од добивање пневмонија. По вакцинацијата, телото произведува протеин со кој имунолошкиот систем подоцна го препознава и го напаѓа Ковид-19, кога се обидува да го инфилтрира во телото.

„АстраЗенец“ велат дека постои можност вакцината да не функционира, но дека тие се посветени на завршување на процесот, но научниците кои ја развиле вакцината, од друга страна, веруваат дека тоа би можело да ги заштити луѓето од Ковид-19 најмалку неколку години. Професорката Сара Гилберт во обраќањето пред британските парламентарци рече дека е оптимист кога зборува за фактот дека вакцината ќе обезбеди „долг имунитет“ против вирусот корона.

Вакцината против Ковид-19, кога ќе биде готова, ќе дојде и во земјава, има 15 потенцијални производители

Прочитај повеќе

„Кризата не боли и нас” – ССМ го одбележува Меѓународниот ден на млади

МИА Агенција

Трамп е изненаден од изборот на Камала Харис за потпретседател: Таа беше многу, многу непријатна кон Бајден

Слободен печат

Џафери и Пендаровски и натаму со различни ставови за роковите за врачување на мандатот

МИА Агенција

511 граѓани казнети за неносење маска

Слободен печат

ПРВПАТ ПО 11 ГОДИНИ: Британија технички влезе во рецесија

Слободен печат

Во Србија има речиси 9.000 активни случаи со Ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бугарија: Софија е најголемото жариште на пандемијата со Ковид-19

Слободен печат

Без струја утре дел од корисниците во повеќе скопски општини

МИА Агенција

Адеми смета дека учебната година треба да почне со физичко присуство, нема амбиција со онлајн-учење да се замени традиционалниот начин

МИА Агенција

Жена од Кина која се излечила од коронавирусот, по еден месец повторно е заразена

Слободен печат

СДСМ: Заев ќе биде мандатор

МИА Агенција

Продолжува трендот на помал број новозаразени и починати, зголемен број на оздравени од Ковид-19 

МИА Агенција