Оксфам: Десетте најбогати луѓе би можеле да купат вакцини за сите

Најбогатите луѓе во светот/ Фото Архива на Слободен печат

Десетте најбогати луѓе на светот би можеле да купат вакцини за сите жители на планетата, покажуваат податоците од извештајот на меѓународната хуманитарна организација Оксфам.

Нивното вкупно богатство се зголеми за 540 милијарди долари за време на пандемијата на коронавирусот и сега изнесува 11,95 билиони долари, се наведува во извештајот на организацијата под името „Вирус на нееднаквост”.

Тие пари се доволно за да се спречи пад во сиромаштија на речиси секој поединец за време на пандемијата и да им се обезбеди вакцина против коронавирусот, пресметаа истражувачите на Оксфам.

Количината на богатство што ја имаат овие 10 лица е еднаква на вкупното трошење на членовите на Г20 за опоравување од пандемијата.

Оксфам ги повикува владите да размислат за оданочување на супер богатите.

Некои од нив дадоа значителен придонес за справување со пандемијата.

Меѓу 10-те најбогати луѓе се наоѓаат лидерот на „Амазон”, Џеф Безос, сопственикот на „Тесла”, Илон Маск и основачот на Фејсбук, Марк Закерберг.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот