Трамп создал лажно очекување дека ќе биде уапсен, велат обвинителите

Доналд Трамп/ Фото: Orit Ben-Ezzer/Zuma / SplashNews.com / Splash / Profimedia

Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен денеска соопшти дека Доналд Трамп создал лажни очекувања за неговото апсење и ги навел републиканците во Конгресот да се мешаат во истрагата на обвинителството за поранешниот претседател.

„Вашето писмо … е истрага без преседан во локалната тужба која е во тек. Писмото стигна дури откако Доналд Трамп создаде лажно очекување дека ќе биде уапсен следниот ден, а неговите адвокати ве поттикнаа на интервенција“, напиша во писмо окружниот обвинител Алвин Брег до тројца републиканци во Претставничкиот дом.

Големата порота која Брег ја свика во јануари почна со сослушување на докази за улогата на Трамп во поткупувањето на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред претседателските избори во 2016 година, на кои победи Трамп. Даниелс, позната порно актерка и режисерка, чие вистинско име е Стефани Клифорд, изјави дека добила пари во замена да молчи за сексуалната врска што ја имала со Трамп во 2006 година.

Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, рече дека ги испратил парите по налог на Трамп за да купи молк за вонбрачната врска на тогашниот претседателски кандидат. Трамп тврди дека е невин и оти истрагата е политички мотивирана.

Во писмото од канцеларијата на Брег се наведува дека претседателите на три конгресни комисии побарале доверливи информации за тековната кривична истрага, што според законот е доверлива информација.

– Барањата наведени во писмото се незаконско задирање во суверенитетот на Њујорк“, им напишал главната советничка Лесли Дабек на претседателот на Комитетот за правосудство Џим Џордан, на претседателот на Комисијата за надзор Џејмс Комер и на претседателот на административниот комитет Брајан Стил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот