Окриени тајните од соблекувалната на Јувентус: Видал го обожуваше алкохолот, но тоа го правеше посилен

Автобиографијата на дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини, крена доста прашина во Италија бидејќи открива многу тајни од соблекувалната.

Кјелини веќе се најде на удар на поранешните фудбалери Фелипе Мело и Марио Балотели, а сега открива кои фудбалери беа „слаби“ на чашката.

– Артуро Видал знаеше да излезе навечер и да испие повеќе отколку што треба. Сите го знаеја тоа, можеше да се каже дека алкохолот беше негова слабост. Меѓутоа, со тоа не се доведува во прашање дали е голем шампион или каква личност е – вели Кјелини.

– Големиот Артуро знаеше неколку пати во годината да не се појави на тренинг, а некогаш знаеше да дојде и малку „повесел“ од вообичаеното. Меѓутоа, тој никогаш не „забушаваше“ на тренинзите, напротив на некој начин дури беше и посилен.

twitter/Forza Juventus

Освен Видал, слабост кон алкохолот имал и уругвајскиот дефанзивец Паоло Монтеро кој за „старата дама“ настапуваше од 1996 до 2005 година.

– За жал не успеав да го запознаам подобро. Беше уште еден фудбалер кој живееше како крал на ноќните забави. За време на неговата последна сезона во Јувентус кога имаше пад во игрите, директорот Лучано Моџи му рече: Паоло, престани да остануваш дома навечер, врати им се на старите навики. Таков беше и Артуро.

За тоа каков работник беше Видал на теренот, Кјелини објаснува со анегдодата од подготовките во Мајами.

– Се уште ја паметам предсезоната во САД, бевме во Мајами и добивме слободна вечер пред последниот тренинг. Следното утро го немаше Артуро, мораа да го кренат од креветот и да го донесат на тренинг. Тренерот Антонио Конте едвај чекаше да го исфрли Артуро од тренингот за да направи пример од него. Видал се уште делуваше пијано, не можеше да ја види топката, а на крајот трчаше како луд и сите ги остави 20 метри зад него. Што можете да кажете за таква личност, која носи среќа во екипата и згора на тоа е голем борец и победник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот