Околу третина од Романците немаат тоалет во нивниот дом

Скоро третина од романското население нема тоалет во нивниот дом, па така оваа земја е рангирана на последното место според овој индикатор во Европската унија.

За 2018 година, од кога се податоците, за нашата земја нема бројки, додека во 2017, според „Еуростат“ 4,4 проценти од македонците биле без внатрешен тоалет.

Статистиката на „Еуростат“ го мери процентот на населението кое нема сопствен внатрешен тоалет со вода.

По Романија (27,7%) и Бугарија (15,3%) се Литванија (10,6), Латвија (9,9) и Естонија (5,3%).

Интересно е да се напомене дека и покрај невидените резултати, податоците покажуваат одреден напредок во последните 10 години.

Во па така во Романија, ситуацијата била уште полоша во 2008 година, кога дури 41,3% од населението немало пристап до ваков санитарен центар.

Од другата страна на монетата се 19 земји од ЕУ, каде што процентот на луѓето без сопствен тоалет е под 1%.

Најмал удел има во Германија, Луксембург, Холандија и Шведска (сите близу 0%).

Во 2018 година, 2,1% од граѓаните на ЕУ живеат без внатрешен тоалет.

Ова е пад од 1,2 процентни поени од бројките во 2010 година, кога 3,3% од населението на ЕУ живееше на овој начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот