Околу пет милиони работници остануваат без работа во автомобилската индустрија

Автомобилска индустрија / Фото: МИА

Производството на автомобили оваа година би можело да биде 20 отсто помалку. Заради пандемијата ќе бидат направени вкупно 71 милион патнички возила во светот, но повеќе загрижува податокот дека околу пет милиони работници во производство и продажба ќе останат без работа.

Кризата се поклопи и со технолошката револуција и побарувачка на електрични возила кои бараат далеку помалку работници, пренесува РТС.

Работниците кои со години произведувале мотори и менувачи во фабриките за автомобили ќе добијат плата за отпремнина или ќе бидат отпуштени како вишок. Нив ќе ги заменат значително помалку работници од друг профил за производство на електро-возила, велат аналитичарите.

Најмногу изгубени работни места ќе има во Европа, особено во Германија. Помал број на работници значи и помал број на менаџери, бидејќи трошоците ќе мораат да се сведат на минимум.

„Почнуваме со нова ера во автомобилизамот, а ќе има и отпуштање на работници. Обезбедивме богати отпремнини за нив со кои синдикатите и работниците ќе бидат задоволни, бидејќи ќе можат да започнат сопствен бизнис“, рекол Олега Калеус од „Дајмлер“.

Повеќето произведувачи на автомобили ја запреа производната линија на најмалку еден месец, што на крајот на годината би довело до 19 милиони возила помалку отколку што било планирано.

Заради коронавирусот се очекува значително помала продажба во април, како во Северна Америка, така и во Европа, бидејќи закрепнувањето од пандемијата веројатно ќе биде бавно.

Кина започна со производство на автомобили, заради што се очекува дека падот на нивната продажба да биде помал од светскиот просек и дека ќе изнесува околу 12 проценти.

Експерти од авто-индустријата сметаат дека сите големи региони влегле во економска рецесија и дека брзо закрепнување веќе не е реално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот