Околу милион Италијанци патат од психолошките последици на коронавирусот: Имаат страв да го напуштат домот

Фото: ЕПА

Италијанско Здружение за психијатрија (СИП) предупреди дека по 3 месеци изолација заради карантинот, голем број на луѓе имаат таканаречен „синдром на затвор“ или „синдром на колиба“.

Се работи за страв од надворешниот свет, а такви лица имаат страв да ја напуштат куќата во која ги поминале последните два месеци, каде се чувствуваат сигурно, додека ги плаши надворешниот свет и можноста да се заразат.

Според проценките, најмалку еден милион Италијанци патат од ова пореметување.

Симптомите кои не би требале да се потценат се несоница и иритираност. А лицата кои најмногу се подложни се оние кои слабо се прилагодуваат на променетите услови, како и лицата кои имаат други психолошки проблеми.

Според најновите истражувања во Италија, Шпанија и Англија стресот, анксиозноста, депресијата, стравот од губење на работата, работата на далечина, недостиг на пари, се фактори кои влијаеле 41 отсто од Италијанците, 46 отсто од Шпанците и 42 отсто од Англичаните од пандемијата да излезат со психолошки проблеми.

– Изненадени сме со високото ниво на психолошка чувствителност на луѓето кои ги испитувавме. Социјално-економските фактори во време на пандемијата направија луѓето многу повеќе да се плашат од стресот, отколку од можноста да бидат заразени со вирусот, вели Кристијано Кодањоне, професор на Универзитетот во Милано и еден од истражувачите.

Истражувања од Шпанија и САД потврдуваат дека во тие земји, во време на пандемија, расте бројот на чувствителни лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот