Околу два милиони Европјани побарале да останат во Велика Британија по Брегзитот

Речиси два милиони државјани од земјите на Европската унија кои претстојуваат во Велика Британија побарале да останат во Обединетото кралство по Брегзитот.

Од нив, половина милион се изјасниле дека ќе останат во Британија на неполн месец од рокот за излегување на земјата од ЕУ , се наведува во статистиката објавена од владата во Лондон. Според владините статистики, до крајот на септември примени се околу 1 милион и осумстотини илјади молби за останување во Британија.

До сега околу 1,5 милиони добиле позитивен одговор , а према службените статистики, 61 % добиле стален предстој (“settled status”) кој го добија лицата кои во Британија живееле непрекинато 5 години, што им овозможува продолжување на работната виза и социјална заштита по Брегзитот..

Премиерот Борис Џонсон неодамна изјави дека ЕУ не треба да се надева дека Бртианија ќе остане во унијата по 31 октомври. Тој повтори дека Лондон се подготвен на на Брегзит со или без договор, без разлика на економските и социјални последици врз земјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот