Околу 800 илјади починати од ковид-19 во светот, бројот на заболените близу 23 милиони

Фото: EPA-EFE/MURTAJA LATEEF

Либан од денеска повторно воведува двонедена делумна изолација и полициски час поради зголемениот број на заразени лица со Ковид-19.

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 22.986.700 лица. Од нив починале 799.294, а оздравеле 15.614.808 луѓе.

– Во изминатите 24 часа во Грција регистрирани се 209 нови случаи на Ковид-19, од кои 11 по направените тестови на влезните точки во земјата, а починаа уште три лица. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 238 смртни случаи и 8.138 заразени лица.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти 11 нови случаи од 3.201 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заболени се зголеми на 1.406 лица.

– Во Србија во изминатите 24 часа регистрирани се 169 новозаболени лица, а од последици од Ковид-19 починаа тројца, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 692. Во моментот 52 пациенти се на распиратор, а за еден ден се хоспитализирани 102 пациенти.

– Во Црна Гора во изминатите 24 часа еден човек почина од последици на новиот коронавирус, а регистрирани се 48 нови случаи. Од почетокот на епидемијата со Ковид-19 вкупно се заразиле 4.277 луѓе, а бројот на смртни случаи изнесува 82.

– Девет од 11. министри на исланската Влада, вклучително и премиерката Катрин Јакобсдотир, се во карантин откако тие на 18 август вечерале во хотел каде се регистрирани неколку случаи на Ковид-19. Од вчершаните 10 новозаболени, седум претстојувале во хотелот.

– Либан од денеска повторно воведува двонедена делумна изолација и полициски час поради зголемениот број на заразени лица со Ковид-19. Во изминатото деноноќие регистрирани се 628 нови случаи со што вкупната бројка на заразени се искачи 11.580, од кои 116 починаа, а оздравеле 3.204 луѓе.

– САД и понатаму се на прво место во светот по бројот на инфицирани и починати луѓе од последици од новиот коронавирус. Во изминатите 24 часа регистрирани се 15.767 случаи, со што вкупниот број на заразени изнесува 5.762.039, од кои од кои 177.677 починале, а оздравеле 3.099.399 луѓе.

– По САД следи Бразил, каде во изминатите 24 часа регистирани се 7.942новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 3.513.039 лица. Во истиот период од последици од Ковид-19 починаа 247 лица, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 112.670.

– На трето место е Индија, каде за еден ден се регистирани 64.796 новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 2.969.125 луѓе. Додека забележани се 927 смртни случаи со што вкупниот број на починати од последици на новиот коронавирус изнесува 55.902 починале, а оздравеле 2.213.887 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот