Околу 70 пациенти се третирани со крвна плазма, расте бројот на донори

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека досега се обезбедени 88 единици конвалесцентна плазма, од вкупно 53 донори. Со крвна плазма се третирани околу 70 пациенти. Во моментов, установата располага со 16 единици конвалесцентна плазма спремна доколку се појави потреба за третман на пациент.

-Секојдневно расте бројот на пријавени донори на конвалесцентна плазма од лица кои се излечени од коронавирус. Нивниот висок алтруизам е да помогнат на пациенти со изразена клиничка слика на COVID-19 болест. Апелирам до сите излекувани пациенти да даруваат крвна плазма за да им помогнат на пациентите кои во моментов се борат со вирусот, изјави директорот на Установата, д-р Седула Усеини.

Само излекувани пациенти од коронавирусот можат да даруваат. Тие треба се пријават преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина.

-Да бидеме хумани, да спасиме човечки животи, порачуваат од Министерството за здравство.

Формуларот за донор на COVID-19 ковалесцентна плазма можете да го видите тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот