Околу 500 уапсени во Берлин на масовните протести против ковид

Апсење во Берлин, Германија Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

На масовните протести во Берлин, поради мерките на германската влада против коронавирусот, беа уапсени околу 500 демонстранти по конфликтот со полицијата.

Локалните власти забранија неколку различни протести регистрирани викендов, вклучително и митинг организиран од движењето Кверденкер во Штутгарт, на кој се очекуваа 22.500 луѓе.

И покрај забраната, демонстрантите утрово почнаа да се собираат на неколку различни места во градот.

Берлинската полиција распореди повеќе од 2.000 полицајци низ градот. Како што се зголемуваше толпата попладне, полицајците кои се обидоа да ги пренасочат демонстрантите или да разбијат поголеми групи, беа „малтретирани и нападнати“, соопшти берлинската полиција. Се наведува дека демонстрантите се обиделе да го пробијат кордонот, па полицијата употребила солзавец и палки, а во одредени делови на Берлин, Шарлотенбург и паркот Тиергартен, уапсени се голем број демонстранти.

Додека толпата се движеше кон Бранденбуршката порта, полицијата преку звучник предупреди дека ќе користат водени топови доколку демонстрантите не се разотидат.

Германија ублажи многу ограничувања за коронавирусот во мај, вклучително и повторно отворање ресторани и барови. Сепак, многу активности, како што се вечера во ресторани или престој во хотел, бараат таканаречени пропусти за ковид, кои вклучуваат доказ за вакцинација, негативен тест или дека лицето имало коронавирус.

Движењето Кверденкер е најголемото меѓу водечките демонстрации против блокадата во Германија, собирајќи илјадници поддржувачи на митинзите во Берлин и други градови. Меѓу неговите поддржувачи има противници на вакцинација, оние кои го негираат постоењето на коронавирусот, таканаречени теоретичари на заговор и десничарски екстремисти.

Претходно оваа година, германската разузнавачка служба предупреди дека движењето станува порадикално, ставајќи ги под надзор некои од нејзините поддржувачи.

Протестите следуваа по големите демонстрации против мерките во Европа. Илјадници луѓе протестираа во Франција веќе три викенди поради барањето за задолжителна вакцинација, повремено се судрија со полицијата, а околу 80.000 луѓе протестираа во градовите низ Италија минатиот викенд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот