Околу 500 отсто раст на злоупотребите со кредитни картички во Русија

Илустративна фотографија / Архива на Слободен печат

Засега нема информации дали кражбите биле извршени од локални измамнички групи или од меѓународни крадци. 

Русија станува една од земјите со најголеми финансиски злоупотреби од почетокот на годинава, пренесува агенцијата ТАСС.

Според руското Министерство за надворешни работи, забележан е раст од речиси 500 отсто.

„Криминалот со банкарски картички достигна вкупно 82.339, што претставува зголемување од 489,2 отсто во однос на минатата година”, се наведува во соопштението.

Периодот на кој се однесуваат податоците е јануари – јуни 2020 година во однос на првите шест месеци од 2019 година.

Засега нема информации дали кражбите биле извршени од локални измамнички групи или од меѓународни крадци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот