Околу 480 мигранти запрени во Средоземното Море и вратени во Либија

Мигранти / Фото: mia.mk

 Околу 480 мигранти на пат кон Европа биле запрени за време на викендот во Средоземното Море покрај либискиот брег, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Во Либија 310 мигранти беа вратени во саботата, а 173 во недела.

Според податоците на ИОМ, 4.500 мигранти биле спасени и вратени во Либија во Средоземното Море годинава.

Агенциите на ОН и хуманитарни организации се против спасените мигранти на море да бидат задржани во центрите во Либија, каде состојбата е многу лоша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот