Околу 46 милиони бегалци се исклучени од програмите за имунизација

Бегалци/ Фото: МИА

Околу 46 милиони бегалци се исклучени од глобалните програми за вакцинирање против Ковид-19, вклучително и баратели на азил, бегалци, мигранти и раселени лица, се наведува во студија на Светската здравствена организација.

Тоа значи дека околу 46 милиони луѓе, колку што е населението во Шпанија, ќе останат без можност да се вакцинираат дури и ако се надмине сегашниот глобален недостиг на вакцини против вакцините.

На бегалците не им е овозможено да се вакцинираат во Индија, Нигерија и Индонезија и до неодамна во Пакистан, каде што се прилагодуваат плановите за вакцинација да вклучуваат бегалци за имунизација.

Како дел од програмата СЗО – Ковакс во март беше донесена одлука да се обезбедат резервни дози на вакцини за најранливите заедници и луѓето кои немаат пристап до процесот на имунизација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот