Околу 270 Палестинци се повредени на вчерашните протести против израелската колонизација

Знамето на Палестина/ Фото: EPA-EFE/MATTEO CORNER

Во текот на вчерашните протести во Западен Брег поради израелската колонизација повредени се околу 270 Палестинци.

Најмногу повредени се во  Беита, во близина на Наблус, каде што израелската армија редовно е во судир со жителите кои протестираат од средината на мај против изградбата на дива еврејска населба.

– Повеќето од жртвите се повредени од вдишување солзавец, педесетина се ранети од гумени куршуми, а седуммина со боева муниција, соопшти Црвена полумесечина.

Според израелската армија, околу 150 Палестинци фрлале камења и запалени гуми кон војниците, кои возвратиле со „средства за растурање на демонстрации” и истрели.

Според Црвена полумесечина во слични судири минатата недела повредени биле 320 лица, од кои најголемиот број од вдишување солзавец.

Судири имаше и во Беит Омар, на погребот на 20-годишниот Палестинец. Тој им подлегнал на повредите здобиени претходниот ден во сличен судир со израелските војници на погреб на 12-годишното палестинско момче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот