Околу 200 Саудијци уапсени поради непристојно облекување и вознемирување

Фото: Принтскрин

Во текот на оваа недела околу 120 мажи биле уапсени поради „непристојно облекување“, открила полицијата во Ријад, преку низа на објави на Твитер.

Повеќе од 200 лица биле уапсени во изминативе денови во Саудиска Арабија поради „непристојно“ однесување и „вознемирување“, во текот на првата акција од тој тип, по ублажувањето на социјалните норми во оваа ултраконзервативна земја.

Во текот на оваа недела околу 120 мажи биле уапсени поради „непристојно облекување“, открила полицијата во Ријад, преку низа на објави на Твитер.

Во овие објави се додава дека на приведените им била изречена казна, но не е откриено каква. Уште 88 други лица биле уапсени поради „вознемирување“.

Станува збор за првата кампања од овој вид откако престолонаследникот Мохамед бин Салман започнал со ублажување на конзервативните закони во земјата кој се обидува да се отвори кон Западот.

Како резултат на овие реформи, Бин Салман повторно отвори кино сали, им дозволи на жените да возат, како и да се организираат концерти и спортски настани.

Овие потези ги поздравија бројни Саудијци, од кои две третини се помлади од 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот