Околу 2.500 туристи ќе ја тужат Австрија заради заразување со коронавирус на популарното скијалиште?

Властите во Тирол се обвинети дека прекасно реагирале при првите знаци на зараза, што пак придонесе за ширење на заразата во Европа, но и во останатите делови од светот.

На Австрија и се подготвува групна тужба од речиси 2.500 туристи поради лошо постапување за време на пандемијата со корона вирусот во популарен австриски скијачки центар, во провинцијата Тирол.

Скијалиштето веќе е под истрага на локалните власти во Инсбрук откако стотици случаи на заразено со корона вирус се поврзуваа токму со оваа локација.

Властите во Тирол се обвинети дека прекасно реагирале при првите знаци на зараза, што пак придонесе за ширење на заразата во Европа, но и во останатите делови од светот.

Австриската заедница за заштита на потрошувачите вели дека властите се одговорни за бавна реакција при почетокот на ширењето на вирусот.

Од таму соопштуваат дека досега до нив со реакција се обратиле околу 2.500 лица кои се заразиле со коронавирусот токму за време на престојот во скијалиштето и се додава дека 80 отсто од овие лица се Германци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот