Околу 18.30 часот се очекува репрезентативците да пристигнат на плоштадот „Македонија“

Навивачите ќе ги пречекаат нашите најдобри фудбалери/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонија го слави пласманот во финалето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар по победата над Италија во Палермо со 0:1.

Во вторник (29 март, 20.45 часот) во Порто избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги одмерат силите против Португалија за учество на Мундијалот.

Според најавите нашата А репрезентација денеска во 17.30 часот според програмата треба да слета во Скопје.

Воедно македонската сениорска селекција ќе ги поздрави присутните наши навивачи кои ќе бидат на плоштадот „Македонија“ по слетувањето во Скопје.

Веројатно околу 18.30 часот се очекува репрезентативците да пристигнат на плоштадот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот