Околу 100.000 жени протестираа против претседателот на Бразил (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Околу 100.000 жени од руралните средини во Бразил се собраа во главниот град на традиционалниот „Марш на Маргарида”, кој годинава помина во знак на протест против претседателот Жаир Болсонаро.

Маршот се одржува секоја четврта година во знак за поддршка на руралните области и за правата на жените во Бразил, каде е многу присутно семејното насилство.

Маршот е наречен по бразилската синдикална лидерка Маргарида Мариа Албес, која беше убиена во 1983 година.

Жените протестираа поради владината политика на проширување на употребата на пестициди и плановите на Болсонаро да експлоатира рудници во автохтони и заштитени подрачја.

Жените од разни домородни племиња протестираа поради „геноцидната политика” на Болсонаро.
Жените го обвинија бразилскиот претседател и дека „женомразец, хомофоб и расист”

Поголемиот број жени носеа цвеќе, сламени шешири и виолетова облека – симбол на протестниот марш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот